Дописници Состанок за управување со водните ресурси од Дримскиот басен

Состанок за управување со водните ресурси од Дримскиот басен

Со поддршка на Германското друштво за соработка (ГИЗ) и Проектот за заштита на биодиверзитетот на трите езера од Дримскиот басен, денеска и утре, во Тирана, Албанија се одржува планирачки состанок за обезбедување засилена прекугранична сорабока за управување со водните ресурси за трите големи езера, Охридското , Преспанското и Скадарското.

– Нашата цел е да се обезбеди прекугранична меѓусекторска соработка во басенот- вели Дејан Пановски, претставник на македонскиот дел од заедничкиот Билатерален секретаријат за заштита на Охридското Езеро и презентер на состанокот.

Пановски додава дека ќе ги образложи актуелните процеси и иницијативи: биосферниот резерват на УНЕСКО, Дримскиот проект, проектот за рехабилитација на колекторскиот ситем и проектот за ставање на албанската страна на езерото под заштита на УНЕСКО.

Пановски ќе го образложии предлогот на нови иницијативи и пилот-проекти за прекугранична заштита на езерата.