Македонија Состанок на кризниот штаб за новиот снежен бран

Состанок на кризниот штаб за новиот снежен бран

Состанок на Координативното тело денеска се одржа во Министерството за транспорт и врски по најавите за нов снежен бран што ќе ја зафати територијата на Македонија.

Според прогнозите на УХМР, нов снежен бран ќе ја зафати територијата на Македонија в недела попладне и в понеделник, но според најавите од УХМР, тој нема да биде со интензитет како претходниот бран.

На состанокот се разговарало за мерки што треба да ги преземе ЈП „Македонија пат“ во врска со обезбедување соодветна опрема и механизација на критичните патни правци за да се овозможи безбеден и непречен сообраќај на возилата.

Од кризниот штаб апелираат до сите граѓани и институции редовно да ја следат временската прогноза и да се придржуваат кон препораките што ги даваат надлежните институции.