Македонија Сообраќајна несреќа во Лисиче: Удрил во 61-годишен велосипедист, па побегнал

Сообраќајна несреќа во Лисиче: Удрил во 61-годишен велосипедист, па побегнал

Велосипедистот во несреќата се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“

Фото: МВР

Сообраќајна несреќа се случила вчеравечер во Долно Лисиче во која со тешки телесни повреди завршил 61-годишен велосипедист од Скопје.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), синоќа околу 20 часот и 30 минути било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „1“ и „7“ во Долно Лисиче се случила незгода во која возило удрило во велосипедистот С.Ј., по што возачот на возилото го напуштил местото на настанот.

Велосипедистот во несреќата се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.