Македонија Сообраќајот во Скопје, заложник на митинзите

Сообраќајот во Скопје, заложник на митинзите

Центарот на Скопје од рано утрово е под посебен сообраќаен режим, диктиран од митиншката атмосфера што овие два дена и опозицијата и власта ја ставија во погон.

За сообраќај целосно се затворени булеварот Илинден, пред Владата, каде се стационирани камповите на опозицијата, а од утрово движење на возила нема ниту по делови од булеварите Димитрие Чуповски и 11 Октомври, на потегот од раскарсницата кај „Палома бјанка“ до раскрсницата кај Градската хируршка болница „Свети Наум Охридски“, каде во тек се подготовките и се мести бината за вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ.

Заради блокадите, под посебен режим е јавниот градски сообраќај, а автобусите, на кои главна станица им се постојките на „Рекорд“ во строгиот центар на градот, се движат по алтернативни улици.

Тоа, пак, создава нервоза и негодување и кај возачите и кај патниците, чии реакции беа забележливи утрово.

Автобусите со мака се пробиваа низ густиот сообраќај, а патниците мораа да се симнуваат неколку станици порано.