Македонија Сообраќајот кон Блаце е во прекин

Сообраќајот кон Блаце е во прекин

Од 10 часот утринава, во прекин е сообраќајот во двата правци на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце, поради сообраќајна несреќа во селото Визбегово, информираат од АМСМ.

Во сообраќајната несреќа учествувале камион „мерцедес“ и патничко возило „голф“, при што биле повредени четворица патници.

Сообраќајот се пренасочува.