Македонија Сообраќајот се одвива по влажни коловози, магла на Плетвар

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, магла на Плетвар

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места во западните и во североисточните делови од земјата на места со остатоци од кашест снег, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на планинскиот превој Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.