Македонија Сообраќајот се одвива отежнато по влажни коловози со остатоци од снег

Сообраќајот се одвива отежнато по влажни коловози со остатоци од снег

Сообраќајот низ државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, се вели во најновиот извештај на Автомото-сојузот на Македонија.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.