Македонија Умерен интензитет на сообраќај на сите патни правци

Умерен интензитет на сообраќај на сите патни правци

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, наместа со остатоци од снег на коловозите. Врнежи од снег се бележат во северните, северозападните и во југоисточните делови на земјата. Поради ниска температура, можна е појава на голомразица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во 07.20 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар – Струга и на планинскиот премин Стража.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и низ засеците, како и на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.