Македонија Сообраќајот на сите патишта се одвива без забрани и по влажни коловози

Сообраќајот на сите патишта се одвива без забрани и по влажни коловози

Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, но на некои места по влажни коловози.

Од АМСМ препорачуваат да се вози внимателно со прилагодена брзина на движење и со почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата.