Македонија Сообраќајот на границите се одвива без поголемо задржување

Сообраќајот на границите се одвива без поголемо задржување

Сообраќајот на најфреквентниот граничен премин Богородица, на првиот ден од велигденскиот викенд е со малку поголем интензитет од секојдневниот, но не во очекуваниот обем, соопшти утрово граничната полиција.

За излез од земјава, од шестте расположливи, моментно во функција се ставени три сообраќајни ленти, а за влез во Македонија фунционираат две. Поради контролата на документите и извршување на вообичаените царински формалности, задржувањето на граничниот премин е пет до десет минути.

Задржувањата на туристите не се големи и на грчка страна.