Македонија Сообраќајот кон Грција денеска во прекин поради штрајк на грчките цариници

Сообраќајот кон Грција денеска во прекин поради штрајк на грчките цариници

Денеска ќе биде во прекин сообраќајот за сите видови возила на границата помеѓу Македонија и Грција, освен за пешаци, поради штрајк на грчките царински служби, информираат од Министерство за внатрешни работи.

„Прекинот на сообраќајот на граничниот премин Богородица ќе биде од 6 часот утре до 6 часот, на Меџитлија од 6.30 часот до истиот термин на 20 октомври, а на преминот Дојран од 5 часот до 23 часот утре“, се вели во соопштението на МВР.