Македонија СОНК продолжува со штрајкот

СОНК продолжува со штрајкот

Протестен марш в среда, во сите поголеми градови во земјава и можен јавен протест в петок, најави Јаким Неделков, претседател на СОНК, објави „Телма“. Како што вели Неделков, тие ќе продолжат да штрајкуваат и ќе се соберат на протестен марш в среда, а ако ресорните министерства не покажат слух за преговорите со СОНК, маршот ќе прерасне во јавен протест, кој би се одржал во Скопје.

Според Неделков, и покрај секојдневното зголемување на притисокот, дел од членството на СОНК, кое е веќе две недели во штрајк, нема да се откаже од барањата, особено не од најспорното – измена на моделот за екстерно оценување.

– Се бараат списоци на наставниците што штрајкуваат, директорите им се закануваат со одбивање од плата и со ангажирање заменски наставници. Нема да попуштиме – рече Неделков.

Од Министерството за образование најавуваат дека наскоро ќе се произнесат за целата ситуација.