Македонија Сончево време денеска, а од утре снег

Сончево време денеска, а од утре снег

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од северозападен правец.

Температурата ќе се движи од -1 до 9 Целзиусови степени, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Температурата ќе достигне максимум на 5 Целзиусови степени.

Утре попладне и в петок ќе има повремени врнежи претежно од снег, а наместа ќе се формира нова снежна покривка.

За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд на пониските места, а на планините со повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла.