Македонија Сончево со умерена облачност и со температура до 18 степени

Сончево со умерена облачност и со температура до 18 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и тивко, а во одделни котлини е можна појава на магла, особено претпладне.

Дневната температурата ќе се движи од 10 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината ќе биде сончево со умерена облачност и тивко, со температура до 12 Целзиусови степени.

До сабота ќе се задржи стабилно и суво време, по котлините со појава на магла, особено во претпладневните часови.

В недела попладне најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Врнежи од дожд и од снег ќе има и в понеделник претпладне, а преку денот ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.