Македонија Сончево со умерена облачност

Сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи од 1 до 9 Целзиусови степени, а максималната од 19 до 25 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево со мала облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 23 Целзиусови степени.

Од недела продолжува периодот на претежно сончево и топло време со пораст на дневната температура, која од почетокот на наредната работна седмица на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината.