Македонија Сончево со умерен северен ветер

Сончево со умерен северен ветер

Времето денеска ќе биде сончево, со умерена облачност и ќе дува умерен северен ветер. Попладне, во крајните североисточните делови можен е краткотраен дожд и снег.

Температурата ќе се движи од 3 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде слично, а максималната дневна температура ќе достигне 8 Целзиусови степени.