Македонија Сончево со температура до 19 Целзиусови степени

Сончево со температура до 19 Целзиусови степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба утринска магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од -1 до 8 Целзиусови степени, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, со умерена облачност и со слаба утринска магла. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 18 степени.