Македонија Сончево со температура од 28 степени

Сончево со температура од 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи од 3 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 28 степени.

Во Скопје и во околината ќе биде сончево со умерена облачност претпладне и со температура до 26 Целзиусови степени.
До недела ќе се задржи стабилното, суво и топло време со натпросечна дневна температура.

Под влијание на влажен бран, од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на места пообилни. Дневната температура значително ќе се намали, особено во вторник, кога ќе дува и засилен северен ветер.