Македонија Сончево со температура до 20 Целзиусови степени

Сончево со температура до 20 Целзиусови степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, и со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура се движеше од 0 до 7 Целзиусови степени, а максималната ќе изнесува меѓу 12 и 20 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе биде од 4 до 18 Целзиусови степени.

До среда времето ќе биде претежно сончево, а дневната температура ќе биде во значителен пораст. Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува кон крајот на работната седмица.