Македонија Сончево со температура до 19 степени

Сончево со температура до 19 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец.

Kон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во западните планински подрачја ќе има повремен слаб дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 Целзиусови степени.