Македонија Сончев ден, со слаба до умерена облачност

Сончев ден, со слаба до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладнево по одделни котлини ќе има слаба магла. Ќе дува слаб јужен ветер.

Утринските температури паднаа до -5 Целзиусови степени, а дневните ќе достигнат до 12 степени.

Во Скопје и околината температурата ќе се движи од -3 во утринските часови до 6 Целзиусови степени преку ден.

Во текот на работната недела времето ќе биде претежно стабилно, со појава на утринска магла по одделни котлини. Локални врнежи од дожд ќе има во текот на ноќта вторник кон среда и в среда во утринските часови. Пообилни врнежи се очекуваат од сабота кон крајот на денот.