Македонија Сончево со слаб југозападен ветер

Сончево со слаб југозападен ветер

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе достигне 5 Целзиусови степени, а дневната до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево, со локална облачност и со максимална дневна температура до 11 Целзиусови степени.