Македонија Сончево и топло време денеска

Сончево и топло време денеска

Денеска времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.

Дневните температури ќе изнесуваат меѓу 15 и 23 степени.

Во следните денови времето ќе се задржи стабилно и топло, со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени.

Нов влажен и постуден бран проследен со врнежи, претежно од дожд, се очекува в понеделник кон крајот на денот. Во вторник ќе има позначително спуштање на дневните температури.