Македонија Сончево и топло време

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец.

Доцна попладне и во вечерните часови се очекува зголемување на облачноста во северните делови на земјата, каде ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

Температурата ќе се движи од 25 до 35 степени.

Во Скопје и околината ќе има слично време со температура до 33 степени.