Македонија Сончево и топло со температура до 40 степени

Сончево и топло со температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде биде сончево и многу топло. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец.

Дневната температура ќе се движи од 33 до 40 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината ќе биде сончево и многу топло, со температурата до 40 Целзиусови степени.

В сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура сè уште ќе се задржи висока. Во попладневните часови и ноќта кон недела ќе биде променливо и нестабилно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално можно е процесите да бидат поинтензивни, особено во источните делови. Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени. Од понеделник ќе биде стабилно, со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.