Македонија Сончево и топло со температура до 38 Целзиусови степени

Сончево и топло со температура до 38 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, а во планинските предели со мала облачност. Во северните делови на земјата ќе дува слаб североисточен ветер, додека во останатите делови ветерот ќе има променлив правец. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22 Целзиусови степени, а дневната од 31 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 35 Целзиусови степени.

Во текот на утрешниот ден се очекува зголемена облачност и повремено умерен ветер, додека во вторник и в среда во попладневните часови се очекува локална појава на пороен дожд и грмежи.