Македонија Сончево и топло со температура до 36 степени

Сончево и топло со температура до 36 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 Целзиусови степени, а дневната температура од 26 до 36 степени.

УВ индексот ќе биде осум.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната до 34 Целзиусови степени.