Македонија Сончево и топло со температура до 32 степени

Сончево и топло со температура до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Максималната дневна температура ќе се искачи до 32 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

УВ-индексот ќе биде со вредност 7.