Македонија Сончево и топло, со локални дождови попладне

Сончево и топло, со локални дождови попладне

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Дневната температура ќе се движи од 19 до 31 Целзиусови степени.

Во Скопје температурата ќе достигне до 29 степени.

Во почетокот на наредната работна седмица се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.