Македонија Сончево и топло со локална нестабилност во северните делови

Сончево и топло со локална нестабилност во северните делови

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со услови за локална нестабилност проследена со краткотраен дожд и со ретки грмежи во попладневните часови во северните делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 31 до 39 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје ќе преовладува слично време, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 38 степени.

В понеделник можна е ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, пред сè, во планинските подрачја и дневната температура ќе биде во опаѓање.