Македонија Сончево и студено со слаб северен ветер

Сончево и студено со слаб северен ветер

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно студено, со слаб северен ветер. Утринската температура во поголемиот дел од земјава е под нулата.

Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 3 Целзиусови степени, а дневната од 10 до 15 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 2 до 14 Целзиусови степени.