Македонија Сончево и многу топло време

Сончево и многу топло време

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен правец, а во другите делови од земјата ќе има слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Попладне се можни краткотрајни поројни дождови со грмежи. УВ-индексот ќе биде 9.
Дневната температура ќе изнесува меѓу 28 и 38 Целзиусови степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до 36 степени.

Во следниот период ќе имаме стабилно топло време, со услови за нестабилност в сабота и в понеделник.