Македонија Сончево и многу топло со температура до 42 степени

Сончево и многу топло со температура до 42 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Максималната дневна температура ќе се движи од 35 до 42 Целзиусови степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време, со дневна температура до 41 степен.

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе услови да продолжи периодот на претежно сончево, многу топло и суво време.

Промена на временската состојба се очекува в петок кон сабота.