Македонија Сончево и многу студено време

Сончево и многу студено време

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието и на исток. Во североисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од снег.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до нулата, а дневната температура од минус четири до четири Целзиусови степени.

Во Скопје малку до умерено облачно со слаб претежно југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од минус шест до минус еден степен.