Македонија Сончев ден со температура до 28 степени

Сончев ден со температура до 28 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево, со умерена облачност и услови за краткотраен дожд на северозападот на земјава.

Утринската температура се движеше од 6 до 13 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува меѓу 15 и 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно стабилно и суво. Утринската температура достигна 8 Целзиусови степени, а дневната температура ќе се искачи 25 степени.

Од четврток попладне до петок до крајот на денот ќе биде нестабилно, со повремено пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места, особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни.