Забава Софија Вергара во „Симпсонови“

Софија Вергара во „Симпсонови“

Глумицата Софија Вергара ќе го позајми својот глас во серијата „Симпсонови“.
Американско-колумбиската ѕвезда ќе ја игра професорката Барера во една епизода од 27. сезона на хит-серијата.

Во Барера ќе биде заљубен Барт Симпсон и неговиот учител Скинер.

Вергара е ѕвезда во серијата „Модерна фамилија“ и е најплатена ТВ-актерка во САД.

Серијата „Симпсонови“ се прикажува од 1989 година.