Македонија Собраниската седница за законот за јазици презакажана за 15 часот

Собраниската седница за законот за јазици презакажана за 15 часот

Собраниската седница на која на дневен ред е законот за употреба на јазиците, за кој опозициската ВМРО-ДППМНЕ поднесе 35.000 амандмани, е презакажана за 15 часот.

Во Собранието се одржуваат координации на пратенички групи, а на нив присуствуваат и претставници на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема информации каков ќе биде исходот од седницата, дали воопшто ќе се расправа за амандманите или точката ќе биде прескокната.

Продолжението на 32. седница беше закажано за 12 часот. На оваа седница има и други точки на дневен ред меѓу кои и измените на законите со кои ќе се намалат патните трошоци за пратениците и избраните и именуваните лица.