Македонија Собраниска расправа за стратегијата за проширување на ЕУ

Собраниска расправа за стратегијата за проширување на ЕУ

Денеска во Собранието ќе се одржи јавна расправа за стратегијата за проширување на Европската унија, организирана од Националниот совет за евроинтеграции.

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат и комисиите за здравство и за економски прашања, кои ќе ги разгледуваат соодветните поглавја од извештајот за напредокот на земјата за 2015 година.