Македонија Собранието утре отворено за граѓаните

Собранието утре отворено за граѓаните

Собранието на Република Македонија утре ќе биде отворено за посета од страна на граѓаните. Заинтересираните посетители, информираат од Собранието, ќе имаат можност да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и доколку имаат некакви прашања, да добијат одговор.

„Собранието на Република Македонија е отворено за посета секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефонот 02/3113-683 или на е-маил адресата s.stamenkovska@sobranie.mk, најдоцна пет работни дена пред посетета“, стои во соопштението од Собранието на Република Македонија.