Македонија Собранието продолжува со расправата за ребалансот на буџетот

Собранието продолжува со расправата за ребалансот на буџетот

Собранието денеска ја продолжува 111. седница, на која на дневен ред е продолжението на расправата по дополнетиот предлог за изменување и за дополнување на буџетот на Република Македонија за 2016 година.

Освен ребалансот на буџетот, пратениците ќе ги разгледуваат и предлог-одлуките за објавување јавен оглас за именување претседател, заменик-претседател и заменик-член на Комисијата за решавање жалби во областа на енергетиката, за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, за именување член на Комисијата на Агенцијата за пошти, како и предлог за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија.

На седницата ќе се расправа и по предлог-законот за изменување на Законот за државниот испитен центар како и за годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2015 година.