Главна секција Собранието одлучи да се распушти на 24 февруари, вечерва ќе ја гласа...

Собранието одлучи да се распушти на 24 февруари, вечерва ќе ја гласа новата влада

Седумдесет и два пратеника се изјаснија позитивно по предлог-одлуката за распуштање на Собранието. Против одлуката гласаше еден пратеник, а шестмина беа воздржани. Во салата беа присутни 109 пратеници. Оваа одлука ќе почне да се применува од 24 февруари.

Со оваа одлука, предложена од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, се подготвува теренот за изборите, кои треба да се одржат на 24 април.

Опозицијата не беше присутна за време на гласањето затоа што ја напушти седницата веднаш по констатирањето на оставката на премиерот Никола Груевски.

Седницата за избор на нова влада е закажана за вечерва во 22 часот.