Македонија Собранието ќе ја продолжи 103. седница, на дневен ред интерпелацијата на Најденовска

Собранието ќе ја продолжи 103. седница, на дневен ред интерпелацијата на Најденовска

Собранието денеска ќе ја продолжи 103. седница на која последна точка на дневен ред е интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт, Олга Најденовска поднесена од пратениците на опозицијата.

На дневен ред се и предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за Националната инфраструктура на просторните податоци, на Законот за спортот, на Законот за заштита и спасување, на Законот за полиција и на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија.

Пратениците на оваа седница ќе дискутираат и за годинешните извештаи за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер потоа за работата на Агенцијата за aдминистрација, за работата на Македонската радио-телевизија како и за извештајот на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2015 година.