Главна секција Собранието го донесе Законот за јазиците и ги изгласа Кадриу и Костадиновски...

Собранието го донесе Законот за јазиците и ги изгласа Кадриу и Костадиновски за уставни судии

Пратениците денеска го донесоа Законот за употреба на јазиците и ги избраа професор доктор Осман Кадриу и доктор Дарко Костадиновски за нови судии во Уставен суд на предлог на претседателот на државата.

Пратениците со 69 гласа „за“ без воздржани и гласови „против“ го усвои предлог-законот за употреба на јазиците. Според бадентеровото мнозинство, „за“ гласаа 27 пратеници од немнозинските заедници, а еден пратеник гласаше воздржано.

Со 68 гласа „за“ пратениците го избраа професор доктор Осман Кадриу за нов уставен судија. Според бадентеровото мнозинство за него гласаа и 26 пратеници од вкупно 32 пратеници припадници на немнозинските заедници.

По гласањето, Кадриу и Костадиновски дадоа свечена изјава по што и официјално беа прогласени за уставни судии со 9 годишен мандат.

Тие доаѓаат на местото на судијките Наташа Габер Дамјановска и Гзиме Старова, на кои мандатот им заврши во октомври годинава. Тие беа избрани за судии на Уставен на предлог на претседателот Бранко Црвенковски во 2008 година.

Пратениците со 68 гласа „за“ изгласаа и престанок на важењето на Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, по скратена постапка.