Македонија Собранието ги изгласа членовите на Комисијата за заштита од дискриминација

Собранието ги изгласа членовите на Комисијата за заштита од дискриминација

Собранието на Република Македонија со 62 гласа „за“ и со еден глас „против“, во рамки на 85. седница, ги избра Тони Науновски, Александар Даштевски, Александар Спасеновски, Нена Неновска-Георгиевска, Јован Ананиев, Ирфан Дехари и Беким Кадриу за членови на Комисијата за заштита од дискриминација.

Опозицискиот СДСМ номинирањето на Науновски и на Даштевски го оцени како скандалозно, катастрофално, мизерно и дискриминаторско.

– Дали ВМРО-ДПМНЕ ги наградува бранителите на ликот и на делото на Никола Груевски од ГДОМ од „бомбите“, тие што повикуваа на линч и на финална пресметка, а кои самите треба да се најдат поради дискриминација пред Комисијата – праша Стефан Богоев од СДСМ.

Пратеникот Џеват Адеми од ДУИ рече дека кандидатите Албанци, Ирфан Дехари и Беким Кадриу, се најдобри меѓу седуммината предложени членови на Комисијата.

– Пратеничката група на ДУИ ќе гласа за своиоте членови, но жалиме што треба да се гласа во пакет – рече Адеми.