Македонија Собранието ги именуваше Филипче и Ахмедовски за нови министри

Собранието ги именуваше Филипче и Ахмедовски за нови министри

Со 62 глас „за“, еден „воздржан“ и ниту еден против, Собранието денеска ги прифати предлозите на Владата и го именуваше Венко Филипче за нов министер за здравство, а Аксел Ахмедовски за министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.

Неврохирургот Филипче доаѓа на местото на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците кој даде оставка од министерското место за да се кандидира за градоначалник на Општина Гостивар.

Ахмедовски доаѓа на местото на Самка Ибраимовски кој си поднесе оставка за да биде пратеник во Собранието.

На седницата присутни вкупно беа 69 пратеници, без пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.