Економија Со заем од КФВ банка, ќе се обновуваат шесте хидроелектрани во Македонија

Со заем од КФВ банка, ќе се обновуваат шесте хидроелектрани во Македонија

Фото: АД Електрани на Северна Македонија

Потпишан е договор за нов заем од КФВ германската банка за ревитализација на шесте големи хидроелектрани: Вруток, Врбен, Равен,Тиквеш, Шпилје и Глобочица, информираат од АД Електрани на Северна Македонија. Како што е наведено во соопштението, со поволни кредитни линии од КФВ, финансирани се двете фази од изградбата на ветерниот парк Богданци, како и изградбата на Топлификација за Битола, Новаци и Могила.

„Идните инвестиции на АД ЕСМ во обновливи изворина електрична енергија беа во
фокусот на средбата меѓу раководството на компанијата и високи претставници на
германската државна развојна банка КФВ. Банката, која поддржува проекти од енергетската транзиција, е заинтересирана да понуди нови поволни кредитни линии за АД ЕСМ, пред се, за изградба на фотонапонски електрани во РЕК Битола, но и на други локации во рамките на подружниците низ државата“, наведено е во соопштението од АД Електрани на Северна Македонија.

Оттаму информираат дека токму со кредит од оваа банка е веќе изградена првата фотонапонска електрана во целосна сопственост на државата, односно на АД ЕСМ, ФЕ Осломеј-1 во Кичево.