Галерија Со натписи „Уа цензори“ почна протестот пред МРТВ

Со натписи „Уа цензори“ почна протестот пред МРТВ

Стотина граѓани се собраа пред Македонската радио-телевизија (МРТВ) на протестот, кој почна во 12 часот,  поради одбивањето на националниот сервис да ги емитува аудиоснимките од „бомбите“ што ги објавува лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Неколкумина од насобраните граѓани се движат заедно еден до друг, носејќи букви кои заедно сочинуваат парола која гласи: „Уа  цензори“.

Листови хартија на кои е испишана истата парола, се делат меѓу насобраните граѓани.

Протестот на кој граѓаните сакаат да го искажат својот револт од уредувачката политика на МРТВ, го предводи Стојанче Ангелов, кој изминатиот период секоја вечер протестира пред зградата  на националниот сервис.