Хроника Со ловечка пушка ранил двајца соселани

Со ловечка пушка ранил двајца соселани

Вчера, во 12.25 часот, во полициската станица во Македонска Каменица, З.М. (35) од село Луковица, пријавила дека лицето В.М. (46) со ловечка пушка стрелал во В.М. (39) и во А.К. (19), сите од село Луковица.

Повредените лица веднаш биле пренесени во Медицински центар – Кочани, од каде поради сериозноста на повредите биле препратени до Клинички центар – Скопје.

По преземени мерки од полицијата, осомничениот е лишен од слобода и е задржан во полициската станица во Делчево за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР.