Култура Со креативност до бесплатен билет за Францускиот филмски фестивал

Со креативност до бесплатен билет за Францускиот филмски фестивал

Францускиот институт во Скопје доделува билети за проекцијата на филмот „Џанго“ на 14 јуни во киното „Милениум“ во Скопје, со кој ќе се отвори јубилејното десетто издание на Францускиот филмски фестивал.

Во натпреварот за бесплатен билет може да се вклучат сите млади на возраст помеѓу 15 и 25 години со креативен одговор на прашање „Што значи францускиот филм за вас?“.

Одговорите на француски или македонски јазик треба да се испратат до 7 јуни на culture@ifs.mk, при што треба да се наведат името, презимето и возраста.

Најдобрите одговори ќе бидат изложени пред проекцијата на филмот „Џанго“.