Македонија Со концептот „Едно општество” и со кривични пријави владата ќе се бори...

Со концептот „Едно општество” и со кривични пријави владата ќе се бори против говорот на омраза

Владата преку националната стратегија за развој на концептот „Едно општество” и на интеркултурализмот во Македонија, ќе се бори против говорот на омраза, појава што достигнува загрижувачки размери и со тужби за прекршителите. Досега се поднесени пет такви тужби, а најавена е нова тужба од страна на Министерството за внатрешни работи за лица кои ширеле и шират говор на омраза на социјалните мрежи и на други места, јави Порталб.мк.

„Владата нема да го толерира развојот и порастот на говорот на омраза и ќе работи посветено на уништувањето на оваа појава. Министерството за внатрешни работи во изминатите две недели поднесе пет кривични пријави до Основното јавно обвинителство, а следат и пријави од Министерството за внатрешни работи во Основното јавно обвинителство за говор на омраза што се шири во медиумите и социјалните мрежи. По долго време институциите во Република Македонија дејствуваат за да го спречат говорот на омраза“, велат од Владата.

Се планира да се подобри правната рамка за превенција и санкционирање на говорот на омраза, преземање мерки за да се намали нивото на омраза меѓу младите луѓе од различни заедници, работа со навивачките групи за да искорени меѓуетничката омраза и манифестации на расизам, за градење на политики и организирање на голем број настани и манифестации, со чии содржини актерите и пораките ќе имаат за цел да ја зголемат интеркултурната толеранција. Стратегијата ќе се изготвува за период од шест месеци во седум работни групи.